Оправданост

Интернет прерасна во алатка за комуникација и вмрежување од огромно значење за 21. век. Фактот што неколу милијарди луѓе го користат Интернет може да се смета дека Интернет е феномен кој има димензија на револуција.
Брзиот развој на Интернет технологиите ни овозможува бесконечно голем пристап до информациите кои постојат, постојано се креираат и во некоја мера дури нè оптеретуваат. Интернет го менува начинот на кој ние се поврзуваме со другите и со целиот свет. Денес, ние имаме пристап до луѓе и информации кои никогаш порано не беа достапни. Бабите и дедовците го одржуваат контактот со нивните внуци. Од Земјата ние сме во можност да комуницираме со астронаути; можеме да гледаме преноси во живо на експедиции кои ги истражуваат места прилично оддалечени од цивилизацијата, ретки видови животни и растенија на непристапни места за човекот, процеси и настани во негостољубиви средини за човекот; можеме во живо да ги гледаме изведбите на ѕвеѕдите на кои им се восхитуваме; играме онлајн игри; се забавуваме.
Од друга страна, ништо не може да е 100% безбедно и сигурно, затоа мораме да се свесни за ризиците на кои сме изложени додека сме на линија. Постојат низа предизвици кои денешното Информатичко Општество го поставува пред нас: погрешни информации, онлајн следење, онлајн малтретирање (online bullying), Интерент лажирање (Internet dumping – пристапување до податоци преку скриени адреси со скриени трошоци), повреда на правата на интелектуална сопственост, нарушување на приватноста на личните информации, крадење на идентитет, различни видови на компјутерски вируси и уште многу, многу други.
За да се превенираат ризиците на кои се изложени Интернет корисниците, етичко користење на Интернет технологиите е од исклучителна важност за сите Интернет корисници. УНЕСКО презеде пионерски дејствија во оваа област и ги разви клучните документи: „Етички код за Информатичкото општество“ и „Етички импликации од технологиите кои доаѓаат: Анкета“.

EN  |  Mk  |  Al 


Logo UNESCO & Logo IFAP

Овој проект се имплементира со финансиска поддршка на УНЕСКО во рамките на неговата Меѓувладина Програма Информации за Сите.