Интернет прерасна во алатка за комуникација и вмрежување од огромно значење за 21. век. Фактот што неколу милијарди луѓе го користат Интернет може да се смета дека Интернет е феномен кој има димензија на револуција.
Овој проект има за цел да придонесе во создавање безбедна и сигурна Интернет околина за младите од Македонија, особено за оневозможените и ранливи групи, со цел да се отстранат бариерите и поттикнат еднаквите можности со посредство на ИКТ активности базирани на соработка.
За да се оствари сеопфатната цел на проектот и за младите да бидат поблиски и заедно, да се поттикне пријателството меѓу нив, ќе се применат онлајн комуникациони алатки и концептот за Проекто Базирано Учење со посредство на платформата (http://safeyouthnet.pbworks.com).
Овој проект се имплементира со финансиска поддршка на УНЕСКО во рамките на неговата Меѓувладина Програма Информации за Сите.
1. 25. ноември 2013 (понеделник): Започнување на онлајн активностите со посредство на pbworks платформата.
2. 25. ноември 2013 (понеделник): Објавување на конкурсот за награди во рамките на проектот: www.imor.org.mk/programmes/SafeNet.
3. 11. декември 2013 (среда): Започнување на работата на Комисијата за доделување на наградите на учесниците.
4. 25. декември 2013 (среда): Објавување на резултатите од конкурсите.
5. 27. декември 2013 (петок): Доделување на наградите на победничките трудови.
Прашалник подготвен
за да го скенира размислувањето
и способностите на младите по нивното учество во проектот Безбедни и Сигурни Млади.Net.