Активности
- Формирање на проектен тим;
- Развивање на акционен план;
- Организирање кампови - воспоставување на јадро на млади кои ќе го поминуваат времето заедно , ќе се дружат, споделуваат идеи и ќе преземат водство во ширење и надминување на проектните активности: како да се дојде до информации; како да се користат информациите и да се комуницира онлајн ефективно (нет - етика ); што се онлајн закани и како да се препознаат и избегнат; како да се користат онлајн алатките и социјалните мрежи на сигурен и безбеден начин; користење на интернет алатки за комуникација и концептот на Проектно Базирано Учење за понатамошен личен развој; согласно публикацијата на УНЕСКО " Етичките импликации на новите технологии: А Истражување"; заштита на приватноста, безбедноста на децата, учеството на лицата со инвалидност; важноста на улогата на УНЕСКО во етичката димензија на информатичкото општество; Кодекс на етика за информациското општество.
- Дисеминација на стекнатото знаење, вештини и ставови во своите средини за градење на локални / национални капацитети;
- Надминување на локалните заедници;
- Заедничко собирање и објавување на стекнатите добри практики за безбедна и сигурна средина за младите;
- Развивање на веб-сајт со содржини од проектот, прилози и креации од младите, резултати, препораки, содржини за младите, за тоа како да се направи интернетот безбедно и сигурно место за нив.